ШоуБиз

Тој е најсекси маж во одело

Беше спроведена анкета во која учество имаа многу земји, а како најсекси маж во одело е прогласен Дејвид Бекам. Иако тој е во доцните триесети, сепак победи оставајќи ги зад себе многу помладите момци.

На второто место се најде Џорџ Клуни, а на трето место е Даниел Крег.

На листата се најдоа „непослушниот„ принц Хари, примерниот принц Вилијам, формула возачот Џејсон Батон, Луис Хамилтон, а на десето место е „вампирот„ Роберт Патинсон.

Изборот за најсексапилен маж во одело го спороведе британскиот моден бренд Austin Reed, а парите кои беа собрани од оваа организација се наменети за ментално болните луѓе ширум светот.

Напиши коментар