Motherhood

Тој + Вие + домашните работи = КАВГА !!! Свртете те му грб на равенството

Јас ја чистев бањата!!!! Јас ја избришав прашината!!!! ….

Да ама јас правев ручек бев да купам леб ….

Ви звучи ли познато?

Едно Американско истражување покажало дека, во текот на денот 20 проценти од мажите извршуваат домашни работи наспроти 51 отсто од жените, останатите процети им се запишуваат на луѓето платени за таа активност. Исто така 30 проценти од мажите спремаат јадење наспроти 60 проценти жени и останатите 10 проценти луѓе платени за тоа.

Можеме да замислиме каков е тој однос кај нас!!!

И не само тоа!!! Вршењето на домашните работи е причина за верувале или не 70 проценти од кавгите помеѓу брачните парови.

Како да ги одбегнете караниците поврзани со домашните активности?

Правете го она во кое сте подобри

Ако не поднесувате како тој ги пере садовите тогаш можеби вие треба да ја превземете таа активност. Пробајте секој од Вас да направи список на работи кои би сакал да ги извршува и во кој мисли дека ќе биде поуспешен од другиот. Работите кои Ви се и на двајцата примамливи работете ги наизменично.

Пофалете се еден со друг

Нема многу брачни парови кои уживаат во чистењето на домот, но на истите ќе им биде многу подобро доколку се пофалат еден со друг. Дајте му комплимент за секоја завршена работа макар таа била и лошо сработена. Особено давајте комплименти за работи кои се изненадено направени од вашиот партнер. Кога завршената работа е забележлива и пофалена поголеми се шансите да биде истата повторена.

Договарајте се околу обврските

Спремете тактика околу домашните работи. Тоа е најлесен начин да не дојде до кавга. Доколку се чувствувате дека Вие сте оние кои работите а вашиот животен сопатник забушава, пробајте на мирен начин да му објасните каде греши. Можеби заборавил дека треба да го заврши тоа!!! Дознај те ја причината за неговото забушавање на мирен начин без да „урлате“ така само создавате плодно тло за кавга.

1 Коментар

  1. ha ha ha ::)) volku slatko ne sum se smeela odamna::))

    ovoj del najmnogu mi se dopaga

    премете тактика околу домашните работи. Тоа е најлесен начин да не дојде до кавга. Доколку се чувствувате дека Вие сте оние кои работите а вашиот животен сопатник забушава , забушава, забушава, забушава, забушава, забушава, забушава, забушава, забушава, забушава забушава, забушава, забушава забушава забушава,,,,пробајте на мирен начин да му објасните каде греши. Можеби заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил заборавил dека треба да го заврши тоа!!! Дознај те ја причината за неговото забушавање на мирен начин без да „урлате“ така само создавате плодно тло за кавга.

Напиши коментар