ШоуБиз

Толку млади, а толку многу заработуваат…

Холивуд е преполн со млади ѕвезди кои иако немаат ни 20 години, заработиле повеќе пари отколку што може да заработи еден обичен смртник за цел живот. А, да не зборуваме за тоа дека во иднина допрва ќе заработуваат.

Канадската ѕвезда Џастин Бибир (17) доживеа планетарна слава откако во 2007 година беше откриен преку ЈуТјуб. Благодарение на соработката со Лудакрис, неговите песни станаа хитови меѓу тинеџерите, па и меѓу постарите. Се вели дека тежи околу 112 милиони долари. И парфемот „Someday“ му донесе пристојна заработка.

Мајли Сајрус (18) се прослави со улогата во дизниевата серија „Мајли Сајрус“, а започна и актерска кариера. До сега има издадено 3 студиски албуми. За една епизода од серијата заработувала по 15.000 долари. Се смета дека нејзиното богатство изнесува 48 милиони долари.

Тејлор Лутнер (19) е ѕвездата од филмот „Самрак“, а кариерата ја започнал како каратист. Имал и неколку епизодни улоги во серии, а позајмувал глас и во анимирани филмови. По „Самрак“ стана популарен, а не му е лоша ниту заработувачката; поседува околу 8.5 милиони долари.

Селена Гомез (19) својата кариера ја започна како актерка за Дизни, каде за една епизода заработуваше 25 илјади долари. Во 2009 година таа основаше бенд и досега има издадено 3 студиски албуми. На сметката има 5.5 милиони долари.

Дакота Фенинг (17) ќиј џеб тежи 4 милиони долари, за кратко време се прослави како актерка. До почетокот на оваа година имаше снимено дури 31 филм.

Напиши коментар