← НАЗАД НА БОЗА

Tom Jones бил многу познат за да го глуми James Bond!

Tom Jones бил многу познат за да го глуми James Bond!
760 Читања

Велшкиот пејач Tom Jones кој во 1965 година ја напишал насловната песна за филмот „Thunderball“ од серијалот за James Bond, изјавил дека тој требало да биде тајниот агент 007, но дека бил одбиен бидејќи бил премногу познат.

–          Единствено жалам што не пробав со глума додека бев млад. Во еден момент бев опција за James Bond, но продуцентот Cubby Broccoli сметаше дека на луѓето сум им многу познат за да остварувањето биде уверливо.

–          Пеењето е мојата прва љубов и не сум исфрустриран како актер. Сепак, ме интересира да знам како би изгледало да глумам нешто што не сум. Немам планови за градење на актерска кариера, но ако некој ми понуди, мислам дека би се обидел. Ми велат дека сум добар како актер, – заклучува Jones.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk