ШоуБиз

Tом Круз доби крила

По споразумниот развод со Кејти Холмс, Том Круз беше принуден да потроши скоро половина милион долари за да си купи приватен авион со кој ќе лета секоја недела од Лос Анџелес до Њујорк за да си ја види својата ќерка.

Со оглед на тоа дека Кејти со својата ќерка ќе живее во Њујорк, а тој во Лос Анџелес, Том ќе мора секоја недела да оди авионски за да си ја види својата миленичка. Според договорот тој ќе смее да ја гледа еднаш неделно и тоа во присуство на дадилка и телохранител.

Инаку Том доби пилотска дозвола во 1994 година, па ова летање нема да му биде проблем.

Напиши коментар