Здраво тело

Топ 10 намирници против главоболка !!!

Главоболката е болка која се чувствува во пределот на главата или во горниот дел од вратот. Главоболката никогаш не води потекло од мозокот, бидејќи мозокот  нема рецептори за болка. Болката ја предизвикуваат разни структури кои се наоѓаат во пределот на главата (крвните садови, мускулите, нервите, очите, ушите, синусите).

Главоболката најчесто ја причинуваат: стресот, заморот, предолгото задржување пред компјутер, алкохолот, неактивноста и слично.

Нема човек на планетата кој немал или не почувствувал главоболка. Разликата е само во интензитет и време траењето.

Доколку припаѓате во групата која имаат чести главоболки пробајте да ги консумирате следниве намирници, со чија помош ќе го намалите интензитетот на болката и времетраењето на истата и се доколку главоболката не е причинета од други здравствени проблеми.

Јогурт

Јогуртот е продукт богат со калциум, а калциумот е идеален за намалување на телесните болки. Затоа се препорачува денот да го започнете со една чаша јогурт.

Лута храна

Лутата храна помага при хронични воспаленија на синусите и настинка. Доколку при настинка имате главоболка единствено можно решение да се ослободите од неа е лута храна.

Сок од лимон (лимондата)

Лимонадата е идеална доколку станува збор за појака главоболка. Но секогаш се заборава во лимонадата или сокот од лимон да се додаде малку (прстофат) сол. Лимонадата нема ефект доколку во неа додадете шеќер. Пробајте го овој рецепт и главоболката за миг ќе стане минато.

Јаткасти плодови

Богати со магнизиум, кој помага при олабавување на крвните садови, а со самото тоа го намалува притисокот во пределот на главата.

Спанаќ

Ве боли глава??? За ручек обавезно јадете спанаќ, небитно во која форма.

Кафе

Кофеинот делува слично како магнезиумот. Еден филџан кафе може и те како да ја намали болката. Но мора да имате на ум дека со секој испиен филџан кафе мора да испиете најмалку 200 милилитри вода. Тогаш ефектот е многу подобар.

Компир

Компирот е богат со калиум кој овозможува правилна хидратација на организмот, а со самото тоа и намалување на болка во кој и да било предел на телото.

Банана

Бананата го има истиот ефект како компирот.

Јаболко

Јаболката се вистински природен лек со чија помош се намалува крвниот притисок и на тој начин се превенира да не се појави главоболка.

Вода

Најкорисното средство за спречување на главоболка. Доколку почуствувате и најмали почетни симптоми на главоболка што е можно побрзо испијте голема чаша вода. Главоболката најчесто и кај најголем дел од популацијата е најсигурниот знак дека Вашето телото е дехидрирано !!!

Напиши коментар