Познатиот доктор Мехмед Оз, американец со турско потекло, во својата многу позната емисија која се емитува во Америка ги открил трите тајни за брзо и лесно слабеење.
Кисел зеленчук

Киселиот зеленчук речиси и да не содржи калории. Заситува на подолг рок, а од друга страна оцетот кој се користи е добар и за топење на маснотиите. Единствено што треба да внимавате кога ја јадете оваа храна е да нема многу сол. Инаку може да ја јадете во неограничени количини и да слабеете.
Рано наутро порција млеко со цели житарки

Доктор Оз препорачува да се појадува набрзо по станувањето. Не треба да го измачуваме организмот, да му задаваме многу обврси, а да не му ја даваме потребната енергија. Затоа за појадок треба да јадеме една чинија цели житарки со млеко.
Пијте roobios чај
Добрата страна на овој чај е тоа што за разлика од црниот чај тој не содржи кофеин, па може да го консумираат и личности кои имаат проблем со несоница. Тој природно има сладок вкус, па нема потреба од дополнително засладување. Со него се слабее и кога не се држи некоја строга диета.
