Здраво тело

Топ 3 тајни за слабеење од познатиот доктор Оз

Познатиот доктор Мехмед Оз, американец со турско потекло, во својата многу позната емисија која се емитува во Америка ги открил трите тајни за брзо и лесно слабеење.

Кисел зеленчук

Киселиот зеленчук речиси и да не содржи калории. Заситува на подолг рок, а од друга страна оцетот кој се користи е добар и за топење на маснотиите. Единствено што треба да внимавате кога ја јадете оваа храна е да нема многу сол. Инаку може да ја јадете во неограничени количини и да слабеете.

Рано наутро порција млеко со цели житарки

Доктор Оз препорачува да се појадува набрзо по станувањето. Не треба да го измачуваме организмот, да му задаваме многу обврси, а да не му ја даваме потребната енергија. Затоа за појадок треба да јадеме една чинија цели житарки со млеко.

Пијте roobios чај

Добрата страна на овој чај е тоа што за разлика од црниот чај тој не содржи кофеин, па може да го консумираат и личности кои имаат проблем со несоница. Тој  природно има сладок вкус, па нема потреба од дополнително засладување. Со него се слабее и кога не се држи некоја строга диета.

 

Напиши коментар