Одлично за релаксирање…
Потребни состојки:
– 2 портокали
– 2 лажици кафен шеќер
– ванилин шеќер
– половина лажичка цимет
– 2 каранфилчиња
– 1л црно вино
– 20 мл рум
Подготовка:
Исцедете ги портокалите и во сокот додајте го шеќерот, ванилиниот шеќер, циметот и каранфилчињата. Кратко варете ги, процедете и додајте го виното и повторно загрејте го. Сипете го во топли чаши и додајте по една лажица рум.
