Мојата кујна

Топол сок од јаболко

Ладното време е измислено за пиење на топли пијалаци. Заменете ги чаевите со повкусен и енергетски појак пијалак.

Нема да зажалите…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 литар сок од јаболко или 1 литар свежо исцеден сок од јаболко.

Цимет по желба

60 милилитри рум

½  лажиче морско оревче

ПОДГОТОВКА:

Сокот од јаболко ставете го во подлабок сад. Откако ќе се смлачи ставете ги румот, циметот и морското оревче.

Варете на тивок оган постојано мешајќи со жица за матење. Не дозволувајте сокот да почне да врие.

При послужување не го цедете, остатоците од циметот и морското оревче ќе паднат на дното на чашата во која сервирате.

Добивте топол напиток кој е неверојатно вкусен.

Уживајте!!!

 

Напиши коментар