ШоуБиз

Tori Spelling го покажа стомачето во секси бикини :)

Тori Spelling очигледно ужива во секој момент од бременоста. Таа била забележана во секси костим за капење кој го открива нејзиниот труднечки стомак, но и облините кои повеќе ги нема.

Познато е дека актерката често беше атакувана од медиумите поради нејзината преслаба телесна фигура, така што ова е вистинско изненадување. Tori била снимена во друштво на нејиниот сопруг Dean McDermott во Лос Анџелес.

Бременоста ја откри во месец март и ова ќе биде четврто нејзино дете. Таа остана трудна само еден месец откако ја роди ќерката Hattie. Освен неа, Tori и Dean ги имаат и синот Liam (5) и ќерката Stella (4).

Отакако актерката остана трудна и по четврт пат, речиси сите блиски биле шокирани, а сопругот изјавил дека Tori е виновна што толку брзо затруднела.

 

Напиши коментар