Мојата кујна

Торта – енергетска бомба

Потребни состојки:

–      500 гр бисквити

–      250 гр ореви

–      100 гр суво грозје

–      пудинг од ванила

–      0,5 л млеко

–      2 кесички ванила

–      250 гр шеќер во прав

–      1 маргарин

–      чоколади за готвење

Подготовка:

Сварете го пудингот од ванила со млекото. Изладете го, па пенесто изматете го маргаринот со шеќерот во прав. Во него ставете го и ванилиниот шеќер. Во оваа смеса издробете ги бисквитите, па додадете ги сецканите ореви и сувото грозје. Растопете ги двете чоколади и половина ставете во филот, а половина оставете ја настрана. Наредете еден ред со бисквити кои ќе ги потопите во млеко, па одозгора сипете од растопената чоколада. Ставете ја целата смеса која ја подготвивте и посипете ја чоколадата со какао.

2 Коментари

    • Во подготовката стои маргаринот, а сега е направено дообјаснување дека станува збор за еден маргарин. Ви благодарам за примедбата:)

Напиши коментар