Популарната пејачка Rihanna ја изненадила својата британска колешка Adele подарувајќи ѝ торта во облик на гради за нејзиниот 24-ти роденден.
Покрај инвентивниот подарок, на својот Твитер профил, пејачката напишала:
– Среќен роденден на мојата љубовница Adele! Под напишаното ставила своја слика на која голите гради ги покрива само со помош на рацете.
– За Adele, најлошата девојка во околината. Уживај во твојот роденден. Торта, торта, торта… – продолжила Rihanna на својот Твитер.
Освен роденденот, веруавме дека Adele има уште многу причини поради кои би прославувала. Една од нив е што нејзиниот албум „21“ стана петти најпродаван во Велика Британија на сите времиња. Тоа значи дека пејачката заработи „дебела“ пара само со еден издаден албум во кариерата.
