Мојата кујна

Торта која ќе ги задоволи сите ваши сетила

Потребни состојки за кората:

–      300 гр мелена плазма

–      30 гр шеќер во прав

–      100 гр путер

–      60 гр кокос

За филот:

–      750 гр младо несолено сирење

–      200 гр шеќер

–      50 гр густин

–      2 јајца

–      500 мл слатка павлака

–      изрендана кора од еден лимон

За сирупот:

–      3 дл вода

–      150 гр шеќер

–      јагоди

Подготовка:

Направете го најпрво сирупот, зовријте ја водата со шеќерот и оставете нека се излади. Измешајте ја плазмата со шеќерот во прав и кокосот, па прелијте ги со растопениот путер и шеќерниот сируп. Таа смеса ставете ја на подлога и убаво израмнете.

Изматете ги јајцата, шеќерот, сирењето, па постепено додавајте ги останатите состојки за филот. Сипете го филот преку кората и печете на 180 степени околу 50 минути. Печената торта прелијте ја со прелив од јагода и декорирајте со парчиња свежи јагоди.

Напиши коментар