Потребни состојки за кората:
– 100 гр маргарин
– 100 гр шеќер во прав
– 2 лажици кисела павлака
– 3 јајца
– 180 гр брашно
Потребни состојки за филот:
– 750 гр смрзнати рибизли
– 150 гр шеќер во прав
Подготовка:
Растопете го маргаринот и додајте го шеќерот, павлаката, жолчките и брашното. Смесата оставете ја да отстои два часа. Потоа расукајте ја во кора со дебелина од 2 цм. Ставете го овошјето одозгора, но оставете 100 гр од него на страна, и од него направете пире. Ставете ја тавата да се пече во загреана рерна на 180 степени. Од белките и шеќерот изматете цврст снег, па додајте го пирето од рибизли. По половина час печење, извадете го тестото и ставете ја изматената смеса одозгора и повторно вратете во рерна. Нека се пече уште дваесет минути.