Потребни состојки за тестото:
– 100 гр маргарин
– 200 гр брашно
– 3 лажии пециво
– 125 гр шеќер
– ванила
– 3 јајца
– 100 мл слатка павлака
За филот:
– 300 гр малини
– пакување желатин
– 50 гр шеќер
– 250 мл сок од малини
За преливот:
– 150 гр чоколада за готвење
– 300 мл слатка павлака
– пакување зацврстувач за шлаг
– 25 гр бела чоколада
Подготовка:
Растопете го маргаринот и оставете го да се излади. Измешајте го брашното со пецивото, шеќерот и ванилата. Додајте ги јајцата, маргаринот, слатката павлака и се убаво измешајте. Тестото сипете го во подмачкан плех и печете го на 180 степени околу 25 минути. Изладете ја испечената кора и пресечете ја на половина по хоризонтала.
Подгответе го желатинот па измешајте го со шеќерот, сокот од малини и малините. За преливот искршете ја чоколадата и растопете ја на пареа. Изматете ја слатката павлака и зацврстувачот за шлаг, па додајте ја растопената чоколада. Украсете ја тортата со изрендана бела чоколада и малини.
1 Коментар
Kakov e toj zacvrstuvac za slag? I kade moze da se najde