Мојата кујна

Торта со бадеми и кафе

Потребни состојки за кората:

–          10 јајца

–          270 гр шеќер

–          250 гр излупени и мелени бадеми

–          120 гр мелени бисквити

–          кафе кое е сварено и нека биде појако

За филот:

–          200 мл сварено кафе појако

–          5 жолчки

–          100 гр шеќер

–          2 кесички ванилин шеќер

–          140 гр путер

–          140 гр шеќер

Подготовка:

Убаво изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте ги мелените бадеми и мелените бисквити кои ги потопивте со кафе. На крајот ставете ги и изматените белки. Смесата сипете ја во подмачкан округол плех. Печете околу половина час на 180 степени. Изладената кора преполовете ја на половина.

За филот: на пареа изматете ги жолчките со шеќерот. Сипете го кафето и варете додека не добиете густа смеса. Пенесто зиматете го путерор со шеќерот па ставете го во изладениот крем. Ставете ја кората, па одозгора од филот и преклопете со дргата половина од кората. Премачкајте со фил и посипете ја тортата со мелени бадеми.

Напиши коментар