Мојата кујна

Торта со бисквити и Нутела

Потребни состојки:

–          500 гр бисквити

–          половина литар млеко

–          3 кесички шлаг

–          Нутела

–          4 жолчки

–          250 гр шеќер во прав

–          250 гр путер

–          4 лажици брашно

–          2 кесички ванила

–          100 гр чоколада за готвење

–          малку млеко за да ги потопите бисквитите

Подготовка:

Најпрво подгответе го  чоколадниот фил. Изматете ги жолчките со две кесички ванила и четири лажици брашно. Во оваа смеса ставете неколку лажици млеко, од половина литар млеко. Остатокот од млекото ставете го да се вари, па кога ќе почне да врие ставете ја смесата со жолчките. Варете додека не добиете густ фил, на крајот ставете ја чоколадата и мешајте додека не се растопи. На страна пенесто изматете го путерот со шеќерпт во прав и ставете го во изладениот фил.

Изматете го шлагот според упатството. Потопете ги бисквитите во млеко, па наредете ги на еден плех. Одозгора ставете еден слој нутела, па ставете од шлагот, па чоколадниот фил. Повторете ја постапката додека имате од состојките.

1 Коментар

Напиши коментар