Ова е интересен рецепт за торта ослужена во тегла. Изненадете го саканиот со една необична пратка. Вкусот на чоколада и виски ќе ви загарантираат награда:)
Потребни состојки
3 лажици путер
1 чоколада сецкана на мали парчиња
½ чаша шеќер
½ чаша кафен шеќер
4 јајца
½ лажица сода
½ чаша виски
За преливот:
Три лажици растопен путер
5 лажици шеќер во прав
2 лажици млеко или виски
Подготовка:
Во еден сад ставете ги путерот и чоколадото. Ставете го садот во микробранова за да се растопат состојките. Измешајте и сотавете нека се излади смесата.
Изладената смеса ставете ја во сад за мешање, додадете го шеќерот. Додајте ги јајцата и продолжете со мешање. Потоа додадете ја содата. Измешајте убаво. Смесата ставете ја во тегли кои претходно ги намачкавте со масло. Нека се печат од 30 до 40 минути.
Подгответе го преливот така што ќе ги измиксирате сите состојки убаво. Ставете ги во фрижидер за да се замрзнат. Потоа со смесата прелијте ги тестата во теглите.