Мојата кујна

Торта со чоколада, ореви и вишни

Торта која ќе ја паметите долго…

Потребни состојки за кората:

–      180 гр шеќер

–      200 гр мелени ореви

–      9 јајца

–      60 гр чоколада за готвење

–      една лажица рендана кора од лимон

–      3 лажици брашно

–      една лажица пециво

Потребни состојки за кремот:

–      6 јајца

–      300 гр шеќер

–      150 гр чоколада за готвење

–      250 гр путер

–      250 гр вишни без сенки

Подготовка:

Изматете ги пенесто жолчките со шеќерот, а потоа додадете ја кората од лимон, растопената чоколада и мелените ореви. Потоа додадете ја пената од изматените белки. На крајот полека измешајте го брашното и пецивото. Ставете ја смесата во намастен и набрашнет плех да се пече на 180 степени околу 40 минути. Кога ќе се испече и излади кората пресечете ја на три еднакви дела.

За кремот: изматете ги јајцата и шеќерот на пареа и кога ќе почне да се згуснува ставете ја растопената чоколада. Варете уште малку, па тргнете го садот од оган. Во изладениот крем ставете го пенесто изматениот путер. Секоја кора премачкајте ја со фил, па одозгора ставете од вишните и повторете ја постапката со сите кори. На крајот целата торта премачкајте ја со филот и декорирајте по желба.

Напиши коментар