Мојата кујна

Торта со јагоди и јогурт

Едноставен начин на подготовка + незаменливо вкус = торта која се памети!!!

ПОТРРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 килограм јагоди

600 милилитри јогурт

4 јајца

80 грама шеќер

4 големи лажици млеко

70 грама брашно

1 прашок за печиво

30 грама желатин

12 лажици вода

500 милилитри слатка павлака

250 грама шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Јајцата и шеќерот изматете ги со миксер додека не добиете густа смеса. Додадете го млекото и брашното претходно помешано со прашокот за печиво.  Смесата убаво измешајте ја и излијте ја во калап обложен со хартија за печење. Печете на 180 степени Целзиусови 30 минути.

За тоа време јогуртот загрејте го ( не до степен на вриење) и во него ставете го желатинот, убаво измешајте.

Еден дел од јагодите ставете ги врз претходно печениот и оладен пандишпан, остатокот јагоди ситно исечкајте го и измешајте ги со јогуртот и желатинот.

Слатката павлака измиксирајте ја додека не добиете цврст шлаг и потоа ставете го шеќерот во прав.

Јогуртот со јагоди измешајте го шлагот и прелијте го пандишпанот.

Уживајте!!!

Напиши коментар