Лесно за јадење и исто толклу лесно за подготовка:)
Потребни состојки:
– 200 мл слатка павлака
– 1 лимон
– 2 ванилин шеќер
– 4 павлаки
– 2 кесички желатин
– 400 гр пишкоти
– 150 гр шеќер во прав
– 300 мл млеко
– 400 гр шумско овошје
Подготовка:
Во слатката павлака ставете изрендана кора од лимон и ванилин шеќер и убаво измиксирајте ја. Продолжете по ред да ги додавате шеќерот во прав, павлаките и растопениот желатин. Во калап ставете хартија за печење а потоа наредете ги пишкотите. Пред да ги ставите пишкотите во садот потопете ги во млеко за да омекнат. Од пишкотите ставете и околу калапот така што ќе ги поставите испарвено. Ставете половина од смесата врз пишкотите. Одозгора ставете половина од шумското овошје. Потоа ставете уште еден ред од пишкотите и повторете ја постапката со изматената смеса и шумското овошје. Откако ќе завршите ставете ја тортата во фрижидер да стои најмалку 2 часа.
Уживајте!