Потребни состојки за тестото:
– 250 гр мелени ореви
– 200 гр шеќер
– 200 гр брашно
– лажичка цимет
– пециво
– кесичка ванила
– 3 дл вино (по ваша желба бело или црно)
За филот:
– 5 лажици џем од кајсии
За глазура:
– 100 гр шеќер во прав
– 3 лажици какао
– 3 лажици вода
– една лажица масло
– малку рум
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Плехот за печење намачкајте го со масло и ставете хартија за печење. Измешајте ги состојките за тестото и сипете го виното. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Сипете ја во пелхот и печете половина час. Изладената кора пресечете ја на два дела. Премачкајте ја кората со џем од кајсии. Па одозгора ставете ја другата половина. Со глазурата прелијте ја целата торта и одозгора посипете ја со сецкани ореви.
