Мојата кујна

Торта со вино и ореви

Потребни состојки за тестото:

–          250 гр мелени ореви

–          200 гр шеќер

–          200 гр брашно

–          лажичка цимет

–          пециво

–          кесичка ванила

–          3 дл вино (по ваша желба бело или црно)

За филот:

–          5 лажици џем од кајсии

За глазура:

–          100 гр шеќер во прав

–          3 лажици какао

–          3 лажици вода

–          една лажица масло

–          малку рум

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Плехот за печење намачкајте го со масло и ставете хартија за печење. Измешајте ги состојките за тестото и сипете го виното. Мешајте додека не добиете компактна смеса. Сипете ја во пелхот и печете половина час. Изладената кора пресечете ја на два дела. Премачкајте ја кората со џем од кајсии. Па одозгора ставете ја другата половина. Со глазурата прелијте ја целата торта и одозгора посипете ја со сецкани ореви.

Напиши коментар