Здивот на Италија на вашата трпеза, уживање во мирисот на волшебната италијанска кујна … На многу едноставен начин!!!
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 пакување кори за лазањи
Пола килограм пилешки стек
500 милилитри неутрална хопла
4 моркови
200 грама кашкавал
Зачин
Бибер
Сол
Масло за јадење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкиот стек исечкајте го на коцки, морковот изрендајте го, измешајте ги, посолете, ставете бибер и зачини.
Зачинетите коцки пилешко пржете ги на загреано масло 5 минути. По 5 минути прелијте ги со павлаката и почекајте 5 минути состојките да се поварат.
Во правоаголен плех за печење наредете ги корите за лазањи, нанесете фил и така со ред додека не ги потрошите корите. ( Доколку ви се видат суви можете да додадете уште малку хопла или млака вода).
Преку последниот слој на кори изрендајте го кашкавалот покријте со алуминиумска фолија за печење и печете половина час на 220 степени Целзиусови.
По 30 минути извадете ја фолијата и оставете лазањите да се потпечат уште 5 до 10 минути.
Уживајте!!!