Убавина

Трајното пеглање на косата е поштетно отколку што мислиме…

Иако повеќето фризерски салони убедуваат дека пеглањето е дури и благотворно за нашата коса, добро размислете дали ќе се впуштите во ова !

Наспроти тврдењата на производителите на средства нега за коса и оние на фризерските салони, дека нивните производи не го содржат канцерогениот формалдехид, научниците од Орегонскиот Универзитет за здравје и наука дојдоа до следниве истражувања:

– Всушност, научниците откриваат дека формалдехидот се наоѓа во поголемиот дел од производите кои помагаат при трајното исправување на косата. Во еден примерок од производите, измерени се застрашувачки 10,6 % формалдехид. Освен што ваквите количини значително го зголемуваат ризикот за заболување од рак, тие можат да предизвикаат надразнетост на кожата, очите и носот.

Значи, додека на пазарот не се појават посигурни методи за трајно исправување на коса, најдобро е да се држите на старите добри методи- округла четка и фен, порачуваат Американските научници.

Напиши коментар