Мода

Тренд на познатите – кратки корсети

Неизбежно беше кратките корсети да се појават во изобилство на црвениот тепих. Модниот тренд за пролет/лето 2012 стана популарен помеѓу ѕвездите кои имаат беспрекорна линија. Разбирливо е младите под 20 год. да бидат совршени за овој тип на облека, но и оние од постарите години не  го прескокнаа ова атрактивно моделче. Така што ниту.AnnaLynn McCord  ниту , Gwyneth Paltrow не останаа рамнодушни, а го носеа ова парче на различни церемонии.

Proenza Schouler, Dolce & Gabanna, Emilio Pucci, Prada и  други модни куќи, ја покажаа својата визија за кратки корсети и за оваа сезона. Некои се толку кратки и тесни, што комотно можат да го заменат  и градникот.

Но за да се избегне вулгарноста, дизајнерите одлучија, да обрнат внимание на должината на другото парче на облека, кое оди во комбинација. Овие корсети, се носат на долги здолништа, панталони со висок струк, и широки здолништа, за да се одвлече вниманието од разголениот стомак.

Меѓу познатите кои го одбраа ова парче гардероба, спаѓаат Nicole Scherzinger, Selena Gomez, Scarlett Johansson, Miley Cyrus, Dakota Fanning и други.

Gwyneth Paltrow е првата која носеше ваков топ, од Емилио Пучи , а Selena Gomez е дефинитивно најхрабрата.

Напиши коментар