Art & Crafts

Тренди фризура за поубав ден…

За да го извлечеме максимумот од Вашата убавина, истакнувајќи ги Вашите прекрасни лица,Ви предлагаме едноставна фризура која ќе Ви го разубави денот !!!

* Соберете ја косата во високо опавче.

* Убаво залижете ја и зацврстете ја со ластиче, кое претходно од двете страни сте го прицврстиле со две црни шноли.

* Прицврстете ги шнолите така што едната ќе ја ставите врз опавчето, а другата ќе ја извртите околу него и ќе ја прицврстите во него.

 

* За да го постигнете ефектот на подигната коса, со едната рака држете го опавчето, а со другата нежно повлечете го предниот дел од косата.

* За да ги скриете шнолите, одвојте прамен од опавчето и замотајте го околу него.

* Поделете го опавчето на горен и долен дел и прицврстете го со шнола, како што е прикажано.

* Остатокот од косата што паѓа слободно, замотајте го во еден прамен кој ќе поминува во делот каде косата се поделува на горен и долен дел.

 

* Истиот, убаво замотајте го и вметнете го во косата, како што е покажано на фотографиите.

Сега уживајте во Вашиот нов изглед !

Напиши коментар