Jennifer Garner и Ben Affleck се горди родители на своето трето по ред дете. На двојката ѝ се родил син во болницата во Santa Monica и сега двете поголеми сестри Seraphina (3) и Viloet (6) си добија братче.
Двојката објави дека чека уште едно дете во август, а уште во јануари се дозна дека очекуваат син.
– Малку ќе ни биде чудно кога ќе ни се роди син, но ќе биде и различно и интересно – изјавила актерката во шоуто на Ellen DeGeneres.
Засега не се знае како ќе се вика новороденчето, но најважно е дека е живо и здраво.
