Здраво тело

Три многу ефикасни домашни лекари за вашиот стомак

Малку  се оние кои немаат проблеми со варењето на храната, или некои други стомачни тегоби. За жал,  многумина не знаат дека за таквите проблеми постојат лекови кои се многу близу до нив, буквално на дофат на рака…

Ѓумбир

Ѓумбирот, и тоа во чај, е вистински волшебник за болките во стомакот. Важно е, ако можете да го користете свеж.

Значи, излупете го, и исечкајте го на тркалца со дебелина од половина милиметар и наполнете ја чашата околу 3/4. Сварете 6 чаши вода. Додадете го исечканиот ѓумбир и цимет по желба. Оставете го сето тоа да се вари 20-тина минути, а потоа оставете го да се излади.. Некои кои го пиеле тој напиток тврдат дека е многу повкусен кога е ладен, па го држат во фрижидер како инстант лек кога ќе ги заболи стомакот. Не заборавајте дека ѓумбирот е со силен вкус, па може да им биде проблематичен на тие кои се осетливи на зачинето.

Мента т.е. нане

Делува  исто како и ѓумбирот, со таа разлика што има поблаг вкус.Се што ви е потребно се чаша зовриена вода и неколку гранчиња нане, скинати во природа, од вашата градина, сксија или купена во билкна аптека или во продавница за здрава храна. Ако не сакате чај, можете едноставно да ги џвакате нејзините листови. Наната помага при варењето на храната, го зголемува апетитот, и посебно е добра за ублажунање на менструални болки.

Камилица

Камилицата не само што ја  отстранува болката во стомакот, туку ги смирува и нервите. Таа ќе го смири вашиот стомак, но исто така ќе ви го донесе долго одложуваниот и недостапен сон ( како резултат на болката, стресот, анксиозноста…). Сувите цветови камилица секому се достапни, бидејќи чајот од камилица е еден од омилените чаеви. Додадете малку лимон за да поприми подобар вкус.

Напиши коментар