Убавина

Три начини да ја одржите косата хидрирана во текот на зимата

Во текот на зимата, на косата и е потребно додатна нега за да не дојде до нејзино сушење и губење на сјајот.

Мијте ја косата наназад

Пробајте да го промените редоследот како ја миете вашата коса. Најпрво нанесете од вашето омилено масло за тело на кожата на главата и масирајте го скалпот. Можете да нанесете јојобино, маслиново или бадемово масло. Потоа нанесете го регенераторот и оставете да дејствува 5 минути. На крајот ставете уште малку масло на прстите и пројдете низ косата. Оставете да дејствува 15 минути и потоа измиј те ја косата.

Авокадо маска

Авокадодо е вистински рај за вашата коса. Ова растение во себе содржи се она што и е потребно на вашата коса. Земете едно мало авокадо, изрендајте го измешајте го со лажичка мед и лажичка маслиново масло. Можете сите состојки да ги ставите во блендер и да ги измиксате. Ставете ја маската на влажна коса и оставете да дејствува 30 минути. Оваа маска е одлична за сите видови коса..

Маслиново масло

Приредете си самите фенси топол салонски третман. Најпрвин намокрете ја косата со жешка вода. Потоа на прстите нанесете маслиново масло и поминете низ косата. Оставете да дејствува 20 минути, па исперете ја косата со млака вода и малку неутрален шампон.

Напиши коментар