Здраво тело

Три намирници кои го чуваат памтењето

Недоволен сон, умор, стрес, недоволна физичка активност се едни од многуте фактори кои може да предизвикаат лоша меморија. Но, пробајте да го регулирате тоа со исхраната. Ова се три намирници кои ќе ја подобрат вашата меморија.

Спанаќ

Истражувањата покажаа дека спанаќот позитивно влијае на памтењето. Тој не само што го спречува заборавањето, туку и го подобрува памтењето. Причината што тоа е така најверојатно е поради големото количество на фолна киселина која ја содржи. Со само една чинија спанаќ вие сте внеле доволна количина на дневната потребна количина од фолна киселина.

Црвениот кромид

Тој содржи голема количина на фисетин, природен флавонид, кој делува антиканцерогено и ја подобрува меморијата истовремено. Да нагласиме дека црвениот кромид е многу поефикасен од белиот.

Масна риба

Омега 3 масните киселини ја намалуваат можноста за воспаление на мозочните клетки кои пак предизвикуваат послаба меморија. Масната риба на пример сардината или лососот имаат огромна количина на омега 3 масни киселини. Се препорачува рибата да се јаде барем три пати неделно за да го почувствувате ефектот.

Напиши коментар