Здраво тело

Три научно докажани причини поради кои е подобро да имате помали гради

Иако многу жени се искомплексирани поради големината на корпите на своите градници и би сакале по секоја цена да го зголемат обемот на својот граден кош, научниците ни носат убави вести: поради многу причини, подобро е да се има помали гради!

Зошто градите како на Кејт Мос се подобри од тие на Ким Кардашијан, прочитајте во продолжението, а својата несигурност отфрлете ја засекогаш!

1.ПОГОЛЕМО СЕКСУАЛНО ЗАДОВОЛСТВО

Истражувањето на универзитетот во Виена дошло ди интересни резултати, пишува порталот Hellobeautiful. Испитувајки ја осетливоста на женските гради, овие научници дошле до заклучок дека жените со помали гради се поосетливи на допир и доживуваат поголемо задоволство кога партнерот ги допира. Големите гради имаат повеќе „масни перничиња“ на чувствителните делови, па затоа помалите гради полесно се стимулираат и возбудуваат, објаснуваат истражувачите.

2.ПОДОБРИ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

„Жените со помали гради по правило се поздрави, бидејќи нивните гради  полесно можат да се опипат и прегледат а со тоа и да се откријат несаканите грутки“, вели онкологот Marisa Veis. Исто така, големите гради се и товар за вратот и ‘рбетот, па со помали гради имаме и помалку здравствени проблеми.

3.ПОДОЛГО ВРЕМЕ ЌЕ ИЗГЛЕДАТЕ ПОМЛАДО

Сите знаеме дека големите гради се подложени на влијанието на гравитацијата, а помалите подолго го задржуваат истиот облик. „ Во камениот период мажите не знаеле како да ја проценат староста на жената, па го гледале нивниот физички изглед. Со оглед на тоа што големите гради почнуваат да се спуштаат, одбирале жени со мали гради кои изгледале помладо и повитално“, вели научникот Satoši Kanazava.

Напиши коментар