Убавина

Три необични начини како пивото не прави поубави

Честото миење на косата и кожата со пиво кое е збогатено со многу витамини и протеини како што е витаминот Б ,доведува до прекрасни и сјајни прамени на вашата коса, а вашата кожа ја чисти од мозолчиња и ја прави прекрасна без никакви последици и потешкотии. Го знаевте сето ова ?

Како доказ на ова се така наречените „пивски бањи” кои ги има во се поголем број во земјите како сто се Германија и Чешка.Ова дефинитивно ви звучи како доста необичен начин за убавина. Секако доколку сте голем љубител на пивото а не сте во можност да ја посетите Чешка тогаш ова е одличен начин да пробате дома.

Миењето на косата со пиво
Честото миење на косата со пиво еднаш во неделата го забрзува растот на косата и  ја прави васата коса премногу мека и сјајна.  Секако користењето на пивото како шампон  е и одлична можност за остранување на остатоците од вода и сапун кои со текот на времето се таложат на вашите дланки.
Припрема : Измешајте 30 милилитри вода,30 милилитри пиво ,две лажици оцет и неколку капки од вашето омилено есенцијално масло       ( да што помалку мирисате на пиво ) . Истријте ја косата и исплакнете . И секако проверете ја температѕрата на пивото дали ви одговара на вашата глава .

Маска од пиво : Повеќе истражувања покажуваат дека квасецот кој е  главна состојка на пивото ја спречува појавата на акни. Тој помага во уништувањето на бактериите од кои произлегуваат акните. Секако ова е одличен начин да се ослободите од вашите митесери и мозолчиња после некое време. А  кој тоа не го посакува?
Припрема: Измешајте една лажица пиво,лажица јогурт , маслиново масло и белка од јајце. Намокрете го лицето,нанесете ја маската и по 15 минути исплакнете .

Капење во пиво:
Во стариот Египет жените би седеле во када полна со пиво за да освежат кожата и  истовремено ја спречат од разни кожни болести . Пивото ја зајакнува и ја влажни кожата затоа следното капење нека ви биде како египјанките –  додадете една чаша од фамозниот напиток во водата за одлично мека кожа и уживајте.

Напиши коментар