man fashion

Три стила за три прилики

Спортски стил

Тренерка – омиленото парче облека на многу мажи. Тренерките може да ги носите на дневните опуштени прошетки, во теретана, по дома, и кога ги правите сите спортски активности. Стилистите не препорачуваат во тернерки да одите на кафе, но јас мислам дека удобноста треба да ви е пред се.

Спортска елеганција

Овој стил е најпрактикуван од оние кои мора да носат елегантна облека, а не го сакаат многу тој стил. Сепак животот не носи и во такви ситуации кога мора да се облечеме и онака како што од секогаш ни изгледало глупаво. За да не мора да седите во косим и вратоврска, одберете ја оваа поблага варијанта. На пример искомбинирајте фармерки со кошула и палто. Со оваа комбинација може да си дозволите еднобојни патики.

Елеганција за најсвечените прилики

Дури и ако сте среќник кој не мора секој ден на работа да носи костим и вратоврска, сепак ќе има некоја прилика кога ќе мора да го сторите тоа. Зато амора да имате барем едно одело во плакарот. Доколку не сте тип кој многу ги сака оделата одлучете се за класиката, црно или темно сиво одело. Тоа ќе може да го носите во било која прилика.

Напиши коментар