Убавина

Три важни совети за подобар физички изглед

Пролет е, време е да влезете во топ форма, а тоа најдобро ќе го постигнете со избалансирана исхрана и вежбање. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат на патот кон совршеното тело:

Напредувајте полека: Бидете реални кога станува збор за вашите способности. Експертите советуваат да напредуваме пополека, па доколку подолго не сте вежбале, морате да почнете со лесни вежби, на пример, прошетка и лесно џогирање. Кога ќе почувствувате дека сте подготвени за прогрес, зголемете ја минутажата или бројот на вежби. Сепак, немојте да претерате бидејќи тоа може да доведе и до губиток на мотивацијата и до запаление на мускулите.

Водете дневник: Недостатокот на време е главната причина за помалку вежбање отколку е потребно. Сепак студиите покажуваат дека имаме повеќе време одошто мислиме. Пронајдете го вашето време за вежбање: водете детален дневник што правите, па сами ќе заклучите каде може да се вметне времето за вежбање. Времето поминато пред телевизор може да се искористи за лесни вежби, а важните телефонски разговори можат да се направат и додека сте на прошетка.

Подгответе се за чувство на глад: Вежбањето може да го подигне метаболизмот на неколку часа, но зголеменото согорување на калории може да го зголеми апетитот. За да избегнете внесување храна по вежбањето (и враќање на калориите што сте ги потрошиле) најдобро е оброкот да се испланира еден час по вежбањето. Ужина која содржи јаглени хидрати и протеини преставува најдобро решение, која може да се конзумира и непосредно по вежбањето и при тоа да не се поништи постигнатотот со фитнесот.

Напиши коментар