Убавина

Трикови кои го бришат целулитот

Еден од наједноставните и најефикасните начини да се ослободите од целулитот е масажата. Освен тоа што ја зголемува циркулацијата, редовниот стисок на зафатените делови од телото може да го разгради и стопи и најтврдокорниот целулит.

Ако одвоите барем половина час за масажа секој ден ќе се чувствувате многу подобро.

Со дланката или со стиснати прстипритиснете ја кожата, а потоа со брзо движење нагоре и надоле движете ја раката. На тој начин ќе ја забрзате циркулацијата.

Потоа продолжете со нежни движења на прстите, при тоа сконцентрирајте се на критичните места.

За да стигнете што подлабоко до масните наслаги со прстите нежно штипкајте ја кожата.

За да биде масажата поефикасна користете некој препарат против целулит додека се масирате.

Напиши коментар