
Сигурно ви е здосадено од тоа постојано да одите до тоалетот и да ја корегирате шминката, особено сега во летниот период кога температурите се превисоки и шминката брзо го губи сјајот.
За да го немате повеќе овој проблем ви нудиме неколку трикови кои ќе направат вашата шминка да биде иста и по 24 часа од нанесувањето:
За подлогата од пудра биде потрајна, течната пудра пред да ја нанесете на лицето нежно протријте ја со рацете за да се загрее. Загреаната пудра поубаво се впива во кожата и трае подолго.
За подолготраен кармин, најпрво нанесете балсам и оставете го убаво да се впие. Потоа нанесете пудра и оставете нека се исуши. Потоа нанесете го карминот па бакнете лист хартија. Повторете со нанесување на карминот и тој ќе биде траен.
Водоотпорната маскара трае подолго од обичната. Не се размачкува, па затоа во летниот период користете водоотпорна маскара.
За да не се насобере сенката на очниот капак, намокрете го апликаторот пред да го намачкате со сенката. Така кожата поубаво ќе ја впие бојата на сенката.