Убавина

Трикови за добра фризура за кратко време

Доколку се најдете во ситуација да треба да се спремите и при тоа да изгледате совршено  за кратко време добро е да ги прочитате овие трикови кои навистина ќе ви бидат од корист.
Волумен
Ако сметате дека ви недостасува волумен, тогаш наведнете ја главата надолу. Со прстите убаво растересете ја и ставете лак за коса на коренот. Испарвете се и и обликувајте ја косата на вообичаен начин.
Големи локни
Разделете ја косата на неколку делови и на секој прамен напрскајте му лак. Свиткајте ги прамените со виклер и исушете се со фен, за да се исуши лакот кој го напрскавте на косата. Отпуштете ги виклерите и растресете ја косата.
Средени шишки
Ако имате природна коса, која лесно се превиткува тогаш миените шишки се хорор приказ. За да го средите ставете пена или гел за коса на шишките и исфенирајте ги со голема четка за коса во саканиот правец.

Напиши коментар