Без разлика дали ја фарбате својата коса или пак сте ја задржале природната боја ова се неколку трикови кои ќе ви помогнат да ја истакнете и да го зголемите интензитетот на бојата на вашата коса.
За плавокосите
Потребно ви е: еден лимон, еден компир и половина шолја чај од камилица. Исцедете го лимонот и измешајте го со изренданиот компир. Направете густа паста. Додајте го чајот и убаво промешајте. По шампонирањето на косата нанесете од оваа маска и нежно масирајте ја косата. Прекријте ја главата со кеса и со фен стоплете ја косата. Тоа правете го две до три минути. Потоа измијте ја косата. Со оваа маска ќе ја осветлите косата доколку сте плавокоси и ќе имате одличен сјај.
Црвенокоси
Потребно ви е: 3 моркови со средна големина, 2 лажици мед, 3 лажици јогурт, а доколку сакате да ги освежите бакарните тонови ќе ви треба и половина шолја брусница. На блендер испасирајте ги морковите, брусницата, медот и јогуртот. По шампонирањето нанесете ја оваа маска. Потребно е да ја држите на косата 5 минути. Потоа измијте ја и вашата коса ќе блесне.
За кафена коса
Потребно е: половина шолја какао, половина шолја јогурт, лажица мед, и една лажица јаболоков оцет. Од сите состојки направете смеса. По миењето на косата ставете ја смесата на косата и оставете ја нека делува 5 минути. Пред да ја нанесете маската на косата ставете пешкир околу вратот, за да не ви останат привремени флеки на кожата.