Убавина

Трикови за лице без грешка !

Убавината е својствена за секоја жена… Природата секогаш го дава најдоброто, меѓутоа постојат навики и фактори кои влијаат на промени на физичкиот изглед,  особено на лицето. Ви нудиме неколку трикови кои Вашето лице ќе го доведат до…перфекција !!!

Остатокот од кармин – Не фрлајте го остатокот од кармините. Пробајте да го „ ископате “ остатокот и ставете го во празна кутија за крем или балзам за усни и сето тоа помешајте го со вазелин крема. Во истиот момент ќе добиете балзам со омилената боја на кармин.

Преубави веѓи – Апликаторот од старата маскара убаво измијте го со вода и сапун. После нанесувањето на шминката, апликаторот напрскајте го со лак за коса или нанесете малку гел и исчешлајте ги веѓите кои ќе бидат убави во текот на целиот ден.

Чиста перница – Хигиената на лицето е најважна за беспрекорен тен. Навлаката за перница менувајте ја барем еднаш неделно бидејќи маснотијата која се собира на неа може да предизвика мозолчиња и митесери.

Изгореници – Изгорениците на ушите или лицето, добиени од пегла за коса или фигаро, ги смирува медот. Изгореницата притиснете ја со ладна облога и потоа нанесете мед. На крај, намачкајте маслиново масло. Медот делува така што спречува воспалување, а маслиновото масло на Вашата кожа ќе и ја врати потребната влажност.

Напиши коментар