Убавина

Трикови за секси и сјајна коса

Редовно посетувајте фризер: Доколку вашата фризура ви изгледа досадно, посетете го вашиот фризер и кажете му што сакате да промените. Најдобар избор е степенаста фризура, со која ќе го врамите вашето лице и која може да ја носите во неколку варијанти.

Направете длабински третман: Победете ги проблемите со косата користејќи маска за коса еднаш во неделата. Побарајте маска за коса која содржи пантенол, која помага да се поправи оштетената коса и дава дополнителен сјај, или пак глицерин, кој е многу хранлив и е идеален за кадрава или коса или пак остри влакна. Нанесете ја маската на мокра коса, но не и на коренот. За најдобар ефект, дозволете маската да делува 20 минути, па потоа исплакнете ја косата.

Напумпајте го волуменот: Многу средства за волумен на косата содржат алкохол, па доколку ги нанесувате на целата коса може да доведат до дехидрација на влакната. Испрскајте го спрејот за волумен на влажна коса на самиот корен, исушете ја косата со фен додека со прстите ја подигнувате нагоре. Така вашата коса ќе го добие волуменот кој и е потребен.

Обновете ја бојата: Доколку се фарбате, одлучете се за малку потопли нијанси бидејќи е зима. Изберете златни или топли нијанси, или пак побарајте ја фарбата која ја има буквата Г на кутијата.

 

Напиши коментар