Убавина

Трикови за убавина од целиот свет

Дознајте како жените низ целиот свет се грижат за својата убавина и кои се нивните трикови за да ги истакнат убавите страни и да ги прикријат мааните.

Во Австралија е најмногу употребувано маслото од еукалиптус. Жените го користат така што капнуваат по неколку капки во кремата за лице и шампонот.

Во Шпанија, жените ги користат компирите за да ги намалат подочниците. Само пет минути со облоги од тркалца компир на очите подочниците ќе исчезнат.

Јапонките се познати по негуваната кожа. Тие го користат маслото од камелија против брчки, за зајакнување на ноктите, па дури и за смирување на изгорениците.

Бразилките се познати по своите перфектни тела без грам целулит. За да го постигнат тоа тие се масираат со ситен песок.

Скандинавските жени се познати по белата и убава кожа. За да ја негуваат правилно тие користат минерална вода. Не само што ја пијат многу, туку и се мијат со ледено ладна минерална вода.

Напиши коментар