Убавина

Трикови за визуелно зголемување на усните

За конечно да имате совршени полни усни кои привлекуваат внимание, на врвот од малиот прст, или на четкичка, нанесете седефаста сенка, па  истата нанесете ја на средината на внатрешниот раб на долната и горната усна. Сенката нанесете ја после нанесувањето на карминот.

Можете да експериментирате со повеќе комбинации на бои. На пример розева нијанса на сенка на црвен кармин или златна сенка на црвен кармин, потоа, бела сенка на кармин со „месо“ боја, или златна сенка на кармин со праска боја. Со сето ова ќе го достигнете ефектот на полни усни со сјај кој ќе ги прави примамливи.

Важно е и да знаете дека сенката на усните подолго го задржува карминот од обичниот сјај. Освен тоа, косата нема да Ви се лепи за усните. Доколку пак го сакате сјајот во комбинација со сенка и кармин, дозволено е да ставите и сјај.

Напиши коментар