Motherhood

Тркало на судбината – од сиропиталиште до хармоничен дом!!!

Секој бара насока без да го знае правецот… Ретко кој бара без да има потреба за истото… Некој бара премалку, во време кое може да се овозможи премногу…

Апсурдно е кога возрасна личност се плаши од понудена светлина, но грандиозно е кога детско срце бара само малку љубов, а истата би можела да се претвори во семејна хармонија.

Дека веќе се поместени апцисата и ординатата на она што е љубов, потврдува секојдневието, навидум новите трендови, кои всушност при очи нé прават слепи, насочувајќи го нашиот памет во „ бегање од проблемите“. Но постои нешто кое никогаш не може да најде алтернатива во призмата на животот… Детскиот плач, најискрената насмевка, љубопитното прашање за секоја „ сомнителна “ информација, се само неколку придобивки од најсовршеното суштество, во времето кога запознава сé околу себе.

Што всушност претставува насмевката на едно дете, ќе се уверите во следниве фотографии…

Можеби физички, нема да воочите разлика, но сјајот во очите ќе Ви пренесе позитивно чувство, предизвикано од деца, кои од од сиропиталиште, под „ дирекции“ на судбината нашле кров и љубов. Истата ги одвела во раце на луѓе кои можеби не се нивни биолошки родители, но се автори на една нова историја, во која даваат шанса за подобар живот, таму каде што најмногу е потребна.

Среќата дефинитивно може да биде воочена…

Напиши коментар