Соработката помеѓу познатиот пејач и италијанскиот произведувач на плочки резултираше со фантастична колекција плочки…
Goccia ( итал. – капка ) е колекцијата тридимензионални плочки, која ги имитира карактеристиките на движењето на водата, ги одржува светлината и сенките кои настануваат во спојувањето на квалитетниот материјал и фантазијата. Истовремено, Lenny Kravitz ја прошири креативноста, помагајќи во создавањето стилизирана верзија на вода во црно – бела техника.
Во 2003 познатиот пејач основаше и дизајн студио, кои го трансформираше неговиот „ електричен глобален живот “ во иновативни и динамични дизајн решенија – KravirzDesign Inc. Соработката со тимот на Lea Ceramiche резултираше со фантастичен мат сет и сјајни текстури, кои можат да се користат за разубавување на станбени или комерцијални простори.
Она што е сигурно, е дека креативноста на Lenny Kravitz помина низ уште еден инспиративен израз, претставен преку овој провокативен проект…






