Каква неверојатна разлика прават годините!
Минатата година, февруарското издание на списанието „Vanity Fair“ потфрли и доста примероци од истото останаа непродадени, што доведе до влошување на репутацијата на менаџментот на едно од најпознатите светски списанија.
Затоа, оваа година решиле да играат на сигурно со февруарското издание. На насловната страна се најдоа тројца срцекршачи од Холивуд кои се сон на секоја девојка. Верувам дека барем еден од нив некогаш го скршил вашето срце.
Уживајте во Џорџ Клуни, Мет Дејмон и Даниел Крег! Ова е вистински празник за очи, а уште повеќе би уживале ако си го купите изданието и прочитате нешто повеќе за вашиот омилен актер.

