Дестинации

Тсарабањина (Tsarabanjina)… неодоливиот остров во прегратките на Мадагаскар

Овој прекрасен остров без вести, телефон и телевизија, Вашиот одмор ќе го направи рајски. Овде нема да слушнете ниту еден звук, освен шумот на брановите и звуци од птиците…

Овде, ќе јадете исклучиво здрава храна, ќе поминувате спортски денови и ќе се препуштите на природата која Ве опкружува. Куќичките кои се изнајмуваат на овој приватен остров, гледаат кон морето, имаат приватна тераса, а добар дел од употребените материјали, се од дрво од рози.

Прекрасен ресторан се наоѓа на површина од 135 метри квадратни. Во него, се служи во текот на целиот ден, а специјалитет на куќата се неодоливите морски плодови. Можете да бидете послужени и на самата плажа, недалеку од ресторанот. Други достапни услуги се и разните друштвени игри, возењето со кајак, ролери, пинг понг, тенис, одбојка, скијање на вода, библиотеката, разните видови масажи, прошетките до архипелагот Митсио…

Дозволете си едно поинакво уживање подалеку од реалноста. Стапете во контакт со хармонијата на природата и дозволете да Ве предизвикаат скриените богатства на Мадагаскар…

Напиши коментар