Тунис е една од најпопуларните туристички дестинации во Европа, местото кое годишно го посетуваат повеќе од 7 милиони туристи…
За разлика од сосдеден Алжир, Тунис во потполност е насочен кон туризмот, а и локалните закони до некаде успеваат да ги прилагодат потребите на западните туристи. Денес, во Тунис има 800 хотели, 7 меѓународни аеродроми и 8 пристаништа, кои го поврзуваат со остатокот од светот. Дневните летови го поврзуваат Тунис речиси со сите дестинации во Европа, Африка и Блискиот Исток.

Тунис се протега на брег долг 1.300 километри, а неговите летувалишта се доста познати: Сус, Џерба, Сиди Бу Саид, Табарка, Хамамет и престолнината Тунис. Сус е едно од најавтентичните, преубави места во Тунис, ставено под заштита на UNESCO. Плажите се пријатни, морето има прекрасна тиркизна боја и е навистина чисто. Инаку, прва и главна туристичка атракција во Тунис е Хамамет. Главниот град, Тунис е навистина интересен град, град полн со контрасти, сместен на брегот на истоименото езеро, поврзан со канал и пространиот залив на Средоземното море, денес познат под името Туниски залив. Тука се наоѓа и најстарата џамија – El Zutina, наречена според маслиновото дрво, позната како универзитет и место за значајни собири. Во VIII век, Тунис бил втор град по големина во Африка, провинција на арапското царство по која целиот континент бил наречен. Југот во Тунис е извонреден предел, кој изобилува со прекрасни пејзажи и многубројни оази. Особено е интересно езерото Chott el Jerid, огромното солено езеро во чии предели температурата достигнува дури 50 степени Целзиусови, а специфична е и појавата на фатаморгана.












