Здраво тело

Турското кафе го намалува чувството за глад

Професорката Nevcihan Gursoy на катедрата за прехрамбена технологија на Универзитетот Cumhuriyet  тврди дека турското кафе го намалува чувството на глад.

Таа изјавила дека луѓето особено за време на празникот Рамазан, најчесто брзо јадат, но тоа е погрешно.

„Мој совет е да прво да изедат една супа, нешто лесно, а потоа да преминат на главното јадење“, изјавила таа.

„Една од заедниките карактеристики на храната која содржи диетални влакна е дека ја намалуваат гладта. Таква е и урмата која може да се јаде или пак колачи направени од неа. Тоа ќе ни помогне да бидеме сити“, додала професорката.

Треба да се јаде полека и да се консумира кафе, кое исто така го намалува чувството на глад.

Напиши коментар